| четврток, 6 декември 2018 |

Катастарот со зголемен бројот на трансакции и впишани хипотеки

катастар

Бројот на регистрирани трансакции во Катастарот од планираното зголемување за 20 проценти во 2009 годинава изнесува 58 проценти, или за трипати повеќе, а на запишаните хипотеки е зголемен за 179 проценти.

Тоа го покажуваат резултатите од проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ што ги оценуваше во изминатите три дена технички тим на Светската банка, составен од специјалисти за земјишна администрација и впишување недвижности, предводен од главниот менаџер за проекти Оливера Јордановиќ.

– Во поголем број области резултатите се на ниво кое ги надминува првичните планирани индикатори наведени во документот за оценка на проектот – соопшти денеска Агенцијата за катастар на недвижности.

Задоволството на клиентите од услугите што ги  нуди Катастарот од планираната оценка од 3,8 (скала од 1 до 5), годинава изнесува 3,94. Дигитализацијата на катастарските планови од првичните планирани 70 проценти од територијата на Република Македонија, два месеца пред официјалното завршување на проектот изнесува 73,21 проценти. До крајот на јуни, планирано е комплетирањето на дигиталните катастарски планови да биде 90 проценти од територијата на Република Македонија.

– Овој напредок е постигнат благодарение на посветеноста на стручниот тим на Агенцијата за катастар на недвижности кои сите овие изминати години напорно и посветено работеше за остварување на целите. Агенцијата за катастар на недвижности прерасна во модерна услужна агенција со добро обучен персонал насочена кон потребите на клиентите. По препорака на Светска банка, Агенцијата за катастар на недвижности ги сподели искуството и знаењето со катастрите од повеќе земји од регионот и пошироко. Катастарот на Македонија го посетија претставници од катастрите на Азербејџан, Хондурас, Никарагва, како и повеќе катастри од Балканот – се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top