| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен грабеж во „Плеј ин“

лента 2

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Р.(34) од Скопје за разбојништво и против Б.М.(34) од с.Батинци-Скопско за прикривање во врска со разбојништво.

На 21 декември  околу 21,30 часот, во Куманово на ул. „Гоце Делчев“ во обложувалницата „Плеј Ин“, М.Р.со закана со пиштол извршил разбојништво над двајца вработени одземајќи 39.500 денари од прометот и мобилен телефон во вредност од 3.000 денари.

По ова, истиот во кафе бар во Скопје мобилниот телефон му го продал на второпријавениот за 1.000 денари иако знаел дека потекнува од кривично дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top