| четврток, 6 декември 2018 |

Спомен-куќата на Миладиновци и денес привлекува поети од целиот свет

Ка­ко ос­но­ва­чи на ма­ке­дон­ска­та на­ци­о­нал­на пре­род­ба, Ди­ми­тар и Кон­стан­тин би­ле пот­тик и за свет­ски­от по­ет­ски фе­сти­вал во Стру­га, „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“, кој тра­ди­ци­о­нал­но се отво­ра се­ко­ја го­ди­на со Кон­стан­ти­но­ва­та ан­то­ло­ги­ска пес­на „Т’га за југ“, ко­ја има 70 пре­пе­ви на око­лу 50 ја­зи­ци

Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма чо­век што не ја знае пес­на­та „Т’га за југ“. Пес­на­та на Кон­стан­тин Ми­ла­ди­нов кај се­ко­го од нас пре­диз­ви­ку­ва спо­мен на слав­ни­те бра­ќа од Стру­га. Тие за­ед­но со Пр­ли­чев, Шап­ка­рев и со Жин­зи­фов се но­си­те­ли на ма­ке­дон­ска­та пре­род­ба во 19 век. Тоа што за Фран­ци­ја е Иго, за Ру­си­ја Го­гољ – за Ма­ке­до­ни­ја се бра­ќа­та Ми­ла­ди­нов­ци. По по­вод од­бе­ле­жу­ва­ње­то на 200 го­ди­ни од ра­ѓа­ње­то на Ди­ми­тар Ми­ла­ди­нов, спо­мен-пло­чи во знак на се­ќа­ва­ње на овие деј­ци беа по­ста­ве­ни во Истан­бул, Мос­ква и во За­греб.

– Тре­ба уште да се тра­га. Стру­га има деј­ци ка­ко по­ко­ен Пе­тар Ча­кар, кој ја откри фо­то­гра­фи­ја­та на мај­ка­та на бра­ќа­та, Сул­та­на, ро­дум од Ма­га­ре­во – Би­тол­ско. Но, сѐ уште не се рас­вет­ле­ни де­та­ли­те за нив­ни­от жи­вот во Мос­ква, Истан­бул… – ве­ли Раз­ме Ку­ма­ба­ро­ски.

reportaza138-2

Спо­ред нив­ни­от по­то­мок, Ри­сте Ми­ла­ди­нов, кој е че­твр­то ко­ле­но од ма­шка­та ло­за на Ди­ми­тар Ми­ла­ди­нов, тие се мно­гу поз­на­чај­ни ка­ко ма­ке­дон­ски пре­род­бе­ни­ци кои отво­ра­ат учи­ли­шта на сопс­тве­ни­от ја­зик и кул­ту­ра откол­ку на по­ет­ско по­ле.

reportaza138-3

На ме­сто­то на по­ра­неш­на­та се­меј­на ку­ќа на слав­ни­те бра­ќа во род­на­та Стру­га е из­гра­де­на спо­мен-ку­ќа, ко­ја За­вод и му­зеј Охрид комп­лет­но ја са­ни­ра­ше и адап­ти­ра­ше. Ре­пре­зен­та­тив­ни­от об­јект ли­чи на автен­тич­на­та стру­шка и ма­ке­дон­ска ста­ро­град­ска ар­хи­те­кту­ра.

– По­ра­ди не­со­од­вет­но одр­жу­ва­ње, об­је­ктот има­ше одре­де­ни оште­ту­ва­ња на по­кри­вот, на та­ва­ни­те од пр­ви­от кат и, ге­не­рал­но, на це­ли­от об­јект. Со про­е­ктот кој го изра­бо­тив­ме во те­кот на 2010 го­ди­на, се кон­ста­ти­раа си­те оште­ту­ва­ња, се на­пра­ви про­ект ка­ко тие тре­ба да би­дат са­ни­ра­ни и на кој на­чин ќе се адап­ти­ра об­је­ктот со ог­лед на но­ва­та функ­ци­ја што ќе ја до­бие. Згра­да­та ја ко­ри­стеа „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“, но се­га ве­ќе ја ко­ри­сти и му­зе­јот – ве­ли до­ктор Ни­ко­ла Нез­ло­бин­ски од Стру­га.

– Об­је­ктот функ­ци­о­нал­но е по­де­лен на овие две ин­сти­ту­ции, дел за из­лож­бен про­стор, ка­де што се из­ло­же­ни мо­за­ич­ни по­вр­ши­ни по­диг­на­ти од ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ли­те­ти, а во дел е вра­те­на по­ста­вка­та што и по­ра­но по­сто­е­ла во не­го за бра­ќа­та Ми­ла­ди­нов­ци – ве­ли ар­хи­тек­тка­та Та­ња Па­ска­ли-Бун­та­ше­ска, ди­ре­ктор­ка на За­вод и му­зеј Охрид.

reportaza138-6

Таа об­јас­ну­ва де­ка со овој при­о­ри­те­тен за­фат се со­чу­ва­ни ли­кот на ста­ра­та ку­ќа на Ми­ла­ди­нов­ци од 19 век, ко­ја из­го­ре­ла во по­жар, и пре­поз­нат­ли­ви­от стил на об­је­ктот – ѕи­дан во ка­мен, со др­ве­ни ер­ке­ри и бо­гат ен­те­ри­ер со др­ве­ни та­ва­ни и рез­ба.

reportaza138-7Во 2011 го­ди­на беа од­бе­ле­жа­ни 150 го­ди­ни од из­ле­гу­ва­ње­то на злат­на­та кни­га на ма­ке­дон­ска­та пре­род­ба. Ста­ну­ва збор за Збор­ни­кот на Ми­ла­ди­нов­ци, за кој по­ши­ро­ка­та јав­ност знае де­ка пес­ни­те ги со­бра­ле Ди­ми­три­ја и Кон­стан­тин, но по­мал број зна­ат де­ка во збор­ни­кот сво­ја зна­чај­на уло­га имал и бра­тот На­ум. Тре­ба да се наг­ла­си де­ка тие се ос­но­во­по­лож­ни­ци на сѐ што се ви­ка кул­ту­ра, се раз­би­ра ту­ка нај­при­сут­на е ли­те­ра­ту­ра­та, но во пр­ва­та вер­зи­ја на збор­ни­кот би­ле со­др­жа­ни и нот­ни­те за­пи­си на На­ум Ми­ла­ди­нов, а тоа зна­чи дел кој, за жал, от­пад­нал. Тоа нѐ на­ве­ду­ва да раз­мис­лу­ва­ме де­ка ова зна­ме­ни­то се­мејс­тво има­ло удел и во му­зи­ка­та и во сцен­ски­те умет­но­сти. Зна­чи, тие би­ле не са­мо ос­но­во­по­лож­ни­ци, ту­ку и инс­пи­ра­то­ри на со­вре­ме­ни­те ма­ке­дон­ски твор­ци, ве­лат по­е­ти­те.

Слав­ни­те бра­ќа, ин­те­ле­кту­ал­ци­те Ми­ла­ди­нов­ци, во вре­ме­то на Ото­ман­ска­та им­пе­ри­ја и ту­ѓи­те про­па­ган­ди про­тив Ма­ке­дон­ци­те има­ле ин­тер­на­ци­о­нал­но обра­зо­ва­ние и про­све­ти­тел­ска ка­ри­е­ра. Нив­ни­те ко­ски, нај­ве­ро­јат­но, по­чи­ва­ат во во­ди­те на Бо­сфор. Ка­ко ос­но­ва­чи на ма­ке­дон­ска­та на­ци­о­нал­на пре­род­ба би­ле пот­тик и за свет­ски­от по­ет­ски фе­сти­вал во Стру­га, „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“, кој тра­ди­ци­о­нал­но се отво­ра се­ко­ја го­ди­на со Кон­стан­ти­но­ва­та ан­то­ло­ги­ска пес­на „Т’га за југ“, ко­ја има 70 пре­пе­ви на око­лу 50 ја­зи­ци.

reportaza138-4

Спо­мен-ку­ќа­та на Ми­ла­ди­нов­ци има све­че­на са­ла и из­лож­ба на де­ла од до­бит­ни­ци­те на „Зла­тен ве­нец“ во из­ми­на­ти­те пет де­це­нии. Во ку­ќа­та е из­ло­жен и ори­ги­на­лен мо­за­ик од 50 ква­драт­ни ме­три, кој по­тек­ну­ва од ра­но­хри­сти­јан­ска ба­зи­ли­ка про­нај­де­на во стру­шко­то се­ло Окти­си.

– Зна­че­ње­то на Ми­ла­ди­нов­ци за ма­ке­дон­ска­та на­ци­о­нал­на кул­тур­на исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја е ка­пи­тал­но. Тие со сво­е­то бо­га­то из­во­нред­но тво­реш­тво, кое ѝ го оста­ви­ја во нас­ледс­тво на Стру­га и на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, глас­но ги истак­наа на­че­ла­та и важ­но­ста на на­ци­о­нал­на­та бор­ба за са­мо­бит­ност, ги пре­зен­ти­раа по­себ­но­сти­те на ма­ке­дон­ски­от на­род, не­го­ва­та кул­ту­ра, тра­ди­ци­ја и исто­ри­ја. По де­це­нии за­пу­ште­ност, спо­мен-ку­ќа­та на бра­ќа­та Ми­ла­ди­нов­ци, об­јект пре­поз­нат­лив по автен­тич­на­та ста­ро­град­ска ар­хи­те­кту­ра, ко­неч­но го до­би сво­јот ви­стин­ски лик. Ја об­но­вив­ме вна­треш­но­ста ко­ја е со бо­гат ен­те­ри­ер и рез­ба, со ма­кси­мал­но за­па­зу­ва­ње на си­те зна­чај­ни ар­хи­те­ктон­ски ка­ра­кте­ри­сти­ки на об­је­ктот – сме­та ми­ни­стер­ка­та Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

За ака­де­мик Ма­те­ја Ма­тев­ски, пак, при­јат­но е чув­ство­то и уште под­ла­бо­ка е воз­бу­да­та да се би­де пред об­но­ве­ни­от дом на го­ле­ми­те стру­шки бра­ќа кои беа пот­тик и во чи­е­што се­ќа­ва­ње поч­наа „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“.

– По­го­ле­ма и по­воз­ви­ше­на инс­пи­ра­ци­ја за оваа на­ша ма­ни­фе­ста­ци­ја не би мо­же­ла да се за­мис­ли – сме­та Ма­тев­ски, кој е и прв до­бит­ник на на­гра­да­та на СВП „Бра­ќа Ми­ла­ди­нов­ци“ во 1963 го­ди­на.

reportaza138-5

Спо­мен-ку­ќа­та се на­о­ѓа во Стру­шка­та чар­ши­ја и е ре­кон­стру­и­ра­на со средс­тва од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра. Се про­сти­ра на 470 ква­драт­ни ме­три кои оп­фа­ќа­ат: при­зем­је, су­те­рен и кат. Во об­је­ктот це­лос­но се сме­не­ти др­ве­на­ри­ја­та и вна­треш­ни­от ен­те­ри­ер, а ста­ве­ни се нов под и пар­кет. Про­сто­рот е об­ла­го­ро­ден со рач­но изра­бо­тен ме­бел во сти­лот од вто­ра­та по­ло­ви­на на 19 век, но и со автен­тич­ни­от ме­бел, екс­по­на­ти од се­меј­на­та ку­ќа на Ми­ла­ди­нов­ци и ори­ги­нал­ни до­ку­мен­ти и фа­кси­ми­ли.

Му­зе­јот на Стру­га та­му има по­сто­ја­на по­ста­вка за жи­во­тот и де­ло­то на Ди­ми­тар и на Кон­стан­тин. Спо­ред ди­ре­кто­рот на стру­шки­от му­зеј, Са­шо Цве­тков­ски, те­мел­но­то об­но­ву­ва­ње на ку­ќа­та на стру­шки­те бра­ќа се слу­чу­ва во иск­лу­чи­тел­но зна­ча­ен пер­и­од.

– Комп­лет­но се сме­не­ти це­ла­та др­ве­на­ри­ја и вна­треш­ни­от ен­те­ри­ер, а ста­ве­ни се и нов под и пар­кет. Прет­ход­но об­је­ктот бе­ше во иск­лу­чи­тел­но ло­ша со­стој­ба. Со ре­а­фир­ма­ци­ја на оваа спо­мен-ку­ќа се отво­ри мож­ност за по­сто­ја­но чес­тву­ва­ње на жи­во­тот и де­ло­то на бра­ќа­та Ми­ла­ди­нов­ци. Со са­мо­то отво­ра­ње и при­стап­но­ста на до­мот им овоз­мо­жу­ва­ме на си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни да до­а­ѓа­ат и да се за­поз­на­ва­ат со нив­но­то де­ло – по­јас­ну­ва Цве­тков­ски.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 138. број на неделникот „Република“, 24.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top