| четврток, 6 декември 2018 |

Разговор со друго лице ја подобрува меморијата

разгоров

Само десет минути разговор со друго лице може да ја подобри меморијата и интелектот, тврдат научниците од Универзитетот Мичиген.

– Во текот на нашите студии, дружењето со други лица се покажа подеднакво делотворно како и некои традиционални психички вежби за подобрување на меморијата и интелектуалната способност – пишува психологот, Оскар Јбара.

При прегледувањето на податоците за 3.610 лица на возраст од 24 до 96 години, воочена е врска меѓу високо ниво на социјалната интеракција и развиени когнитивни функции, пишува порталот „Стетоскоп“.

Во текот на друг експеримент, научниците изведоа лабораториски тест за да утврдат како социјалната интеракција и интелектуалната вежба влијае на меморијата и психичките способности.

– Ние видовме дека и кратката интеракција од само десет минути ја зголемува интелектуалната способност исто како и вклучувањето во интелектуалната активност – рече Јбар.

Што се однесува до резулататите, изгледа дека посетата на пријател и сосед може да биде многу важна за острината на умот како и секојдневното решавање крстозбор.

Јбар нагласи дека социјалната изолација може да има негативно влијание на интелектуалната способност, како и на емоционалната стабилност на личноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top