| четврток, 6 декември 2018 |

Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

На патот Кичево – село Извор за попладне од 15 до 16 часот се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сè уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ  Битола.

АМСМ информира дека сообраќајот се одвива отежнато на патот Прилеп – Витолиште поради свлечиште и Прилеп – Македонски Брод поради слегнување на асфалтот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top