„Бесплатно издавам стан на Врачар во Белград“, се зборови кои навистина ретко можете да ги видите во огласите.
Сепак, според пишувањето на српските медиуми, дипломираниот правник, Славко Давитковиќ (60) е подготвен неговиот стан од 60 метри квадратни да го даде на користење без паричен надомест, а за возврат бара само едно – работа.
Овој 60-годишен правник со богато работно искуство од 2013 година, кога бил прогласен за технолошки вишок во Агенцијата за просторно планирање, не може никаде да се вработи поради годините. Кога сфатил дека поинаку не може, се решил на овој начин да привлече потенцијални работодавци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.