| четврток, 6 декември 2018 |

Цедевита намали во финална серија со Црвена Звезда на 2-1

Хрватскиот тим Цедевита успеа вечерва на домашен терен во Загреб да ја намали предноста на Црвена Звезда во финалата серија од АБА лигата на 2-1 откако славеше убедлива победа со 72-62.
Ибраниците на Јасмин Репаша уште пред овој натпревар знаеа дека поразот не е опција бидејќи тој значеше и крај на финалето и од првата минута тргаа силовито кон кошот на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.
Уште по првата четвртија кога разликата беше плус шест за Цедевита, домаќините го контролираа резултатот за на полувреме да отидат со осум поени предност.
Клучната разлика се случи во третиот период кога играчите на домашната екипа буквално есклодираа, ја добија со 14 разлика и создадоа недостижна предност од 22 коша. Во последниот период гостите од Белград само успеаја да ја намалат разлика на подносливи 10 поени.

Во победничкиот тим, Станко Бараќ беше најефикасен со 15 поени, а Марко Томас уфрли еден поен помалку. Кај Црвена Звезда само Бобан Марјановиќ беше на своето ниво и постигна 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top