| четврток, 6 декември 2018 |

Маж сакал да се самоубие во чешкиот парламент

­ Денешната седница на чешкото Собрание ја прекина маж кој наводно сакал да се самоубие скокајќи од галеријата меѓу пратениците, јави дописникот на МИА од Прага. ­

– За жал, за време на говорот на премиерот, од балконот се обиде да скокне еден господин, но за среќа обезбедувањето го спречи, изјави потпретседателот на Парламентот, Петр Газдик кој ја водеше седницата во моментот.

Според Газдик се работи за ментално болен човек на околу 50­годишна возраст, кој и порано се обидел да се самоубие. На галеријата во чешкиот Парламент можат да присуствуваат посетители кои се идентификуваат со личен документ и поминуваат низ контролен детектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top