Главната управа на турската полиција денеска нареди 5.000 полицајци, од кои 440 полициски началници, да бидат прераспоредени, јави „Хуриет дејли њуз“.
Голем дел од полицајците учествувале во антикорупциските истраги преземени на 17 и 23 декември 2013 година, при што беа обвинети лица блиски до турската Влада.
Прераспоредувањето на полицајците уследи откако претходно голем број високи полициски службеници беа принудени да се пензионираат.
Во меѓувреме 2.200 полицајци се распоредени во низа државни институции и министерства.
Се очекува годинава да бидат прераспоредени уште 25.000 полицајци.
На сегашното прераспоредување на полицајците претходеа дискусиите во турскиот Парламент за усвоениот спорен Закон за внатрешна безбедност.
Поголемиот број пензионирани и прераспоредени полицајци се поврзани со „паралелната држава“ на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)



