Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го посоветувал претседателот на Украина, Петро Порошенко, да избегнува коментари за евентуално членство на државата кон НАТО, за да се намалат тензиите со Русија, објави „Волстрит џурнал“.
Јункер ја дал изјавата вчера пред новинари на меѓународната конференција за поддршка на Украина во Киев.
Според него, тој имал долга средба со Порошенко и со премиерот Арсениј Јаценјук, кои му укажале дека Русија подготвува голем напад врз државата. Јункер навел дека нема таква информација, но ги посоветувал да не говорат јавно за аспирациите на Украина кон НАТО.
Претседателот на ЕК признал дека коментарот му бил прифатен, наведува медиумот.
Во декември лани рускиот премиер Дмитриј Медведев предупреди за негативни последици доколку Киев изјавува за членство во НАТО. Според Медведев, со тоа Украина автоматски би била воен противник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Воена состојба до 25 јануари: Порошенко потпиша указ!
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!