| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун само годинава наредил 15 егзекуции

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун само во текот на оваа година наредил 15 егзекуции, меѓу кои и на високо позиционирани политички фигури од власта, казнувајќи ги затоа што ја оспориле неговата власт, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на јужнокорејската агенција Јонхап.

KimJong-un

Јужнокорејските меидуми денеска ја пренесуваат изјавата на неименуван извор од Националната разузнавачка служба дадена на затворена седница на комисијата за разузнавање во јужнокорејскиот парламент.

Според изворот, еден од егзекутираните е заменик-министерот за шуми, а казната ја добил затоа што се жалел на државната политика.

Од цитираната изјава на разузнавачот, исто така, станува јасно дека јужнокорејското разузнавање очекува Ким Јонг­ Ун да замина за Москва на свеченостите по повод Денот на победата.

Ова ќе биде првата посета на севернокорејскиот претседател во странство откако ја презеде власта во 2011 година по смртта на неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top