| четврток, 6 декември 2018 |

Германската амбасада помага да се реши водоснабдувањето во Караслари

вода

Велешкото село Караслари ќе добие секундарна пумпа за вода со што ќе го реши проблемот со водоснабдувањето. Средствата во висина од 244.660 денари се обезбедени од Амбасадата на Германија.

Дуњамин Мехмед од Службата за информирање на општина Велес денеска информира дека договорот меѓу општината, јавното комунално претпријатие „Древен“ и германската амбасада е потпишан вчера.

– Со набавката на оваа пумпа трајно ќе се реши проблемот со недостигот на вода во селото, а со чијашто инсталација жителите ќе имаат континуирано вода во своите домови – изјави Мехмед.

Според договорот, јавното комунално претпријатие „Дервен“ има обврска да ја одржува пумпата.

– Таканаречените мали проекти претставуваат важен инструмент на техничката соработка меѓу Германија и Македонија. Амбасадата на Германија во Македонија располага со буџет со кој може брзо и небирократски да даде помош за проекти, кои непосредно се од корист – истакна Мехмед.

Во изминатите 15 години, Амбасадата на Германија во Македонија има реализирано над 80 вакви проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top