| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од шест скопски општини без струја

Утре ќе има неколкучасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во дел од населбите во општините Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Чаир, Петровец и Центар. Причина се технички зафати во електросистемот, соопшти  денеска Регионалниот центар за справување со кризи.

Без струја утре од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците ул. „Саса“ – подулици 2, 4 и 18  во општина Кисела Вода, од 8.30 до 14.30 часот на улиците „Стојна Стефкова“, „Ордан Чопела“ и  „373“  во општина Гази Баба, а од 9:30  до 13 часот дел од село Буковиќ во општина Сарај.

Утре од 9.30 до 14 часот струја ќе нама и на дел од улиците „Цветан Димов“, „Џон Кенеди“, „Панче Неделковски“ и „Кемал Ататурк“ во општина Чаир, од 9 до 14.30 часот во Агино Село, Тотинци, Катлановско Блацо, Кожле, Бададр, Дримкол Скепер и тунелот Катланово во општина Петровец, од 9  до 11 часот на ул.„Серска и Христо Узунов“  во општина Центар, а од 12 до 14 ул. „Црниче“  во општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top