Познатата хрватска издавачка куќа „Далас рекордс“ го објави последниот албум на Каролина Гочева, „Македонско девојче 2“, и веќе може да се најде на музичкиот пазар на просторите на сите бивши југословенски држави, соопшти „Авалон“.
Првиот сингл кој веќе се врти по радиостаниците низ Балканот е песната „Кој да ми запее“.
„Далас рекордс“ е една од водечките дискографски куќи во регионот која со своите изданија урива рекорди во продажбата во изминатите 20 години, а албумите и изведувачите, меѓу кои Џибони, Северина, Бајага и многу други еминентни музички имиња, освојуваа многубројни награди. Компанијата е и ексклузивен застапник на ЕМИ, која, пак, е издавач на светските музички великани, меѓу кои „Битлси“, „Квин“, Кајли Миног, Роби Вилијамс, Нора Џонс, Лили Ален, „Депеш мод“ и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.