| четврток, 6 декември 2018 |

За три месеци 25 родители добиле прекршочни пријави за невакцинирање на децата

вакцина

За првите три месеци годинава 25 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на децата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат документацијата ја доставувил до надлежните судови. Казните за ваков прекршок се движат од 300 до 650евра. Нема податок колку од нив досега платиле.

Надлежните од овој месец најавија поригорозна примена на законските мерки. Од мај нема упис на првачиња без доставување на картон со сите примени вакцини од задолжителниот календар. Во центрите за имунизација овој период имаат зголемена посета од родители кои бараат потврди.

-Ние издаваме потврди и ги пишуваме сите вакцини. Ако не ги примиле сите тогаш се наведува дека детето е делумно односно нецелосно вакцинирано, вели др. Бранка Младеновиќ од Завод за здрави мајки и деца

Овој период во центрите за имунизација бележат зголемен број на родители кои го одложуваат вакцинирањето на своите деца. Образложението им било дека што покасно ги боцнат ќе има помалку несакани реакции.

-Ги советуваме им кажуваме што значи да ги има сите вакцини. Знаете ако се примаат вакцините тогаш имаме колективен имунитет и не само за себе туку како организирано општество треба да се грижиме и за здравјето на другите, вели Младеновиќ

Според последните податоци, опфатот на имунизација во некои општини е паднат под 90 проценти, што е сигнал дека мора да се преземат мерки за задржување на колетивниот имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top