Шумски пожар избувнал во зоната околу нуклеарката „Чернобил“, пренесоа агенциите.
Според украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков пожарот се движи кон централата. Од пламените се опфатени 400 хектари шума. Аваков соопшти дека премиерот ја свикал комисијата за вонредни ситуации.
Според премиерот на Украина Арсен Аваков овој пожар е најголем од 1992 година. Тој објаснил дека огнената стихија е многу голема и се приближува кон зона и територијата на нуклеарката „Чернобил“ во киевската област.
– Ситуацијата е под контрола, но тоа е најголемиот пожар од 1992 година. Толку голем пожар не сме имале – изјавил Јаценјук за новинарите на аеродромот „Жулини“, по враќањето од зоната на пожарот.
Причината за пожарот може да е подметнат пожар или невнимателно користење на оган, изјавил на прекувремениот брифинг заменик-претседателот на Заводот за вонредни ситуации на Украина Николај Чечеткин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.