Страниците на британскиот печат се исполнети со претпоставки за полот и името на второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Имено, терминот за породување на војвотката од Кембриџ беше изминатиот викенд, кога беше и најавено нејзино доаѓање во болницата „Сент Мери“, каде што го роди и синот Џорџ. Меѓутоа, родилиштето „Сент Мери“ моментално е затворено, зашто дел од пациентите се заразиле со опасна бактерија и поради мерки на претпазливост, болницата затворила некои одделенија.
Пред „Сент Мери“ со денови кампуваат обожавателите на Вилијам и Кејт и го очекуваат нејзиното доаѓање во родилиштето, а најмногу ги загрижува што не знаат во која болница Кејт ќе го роди второто дете. Постои можност тоа да биде една од болниците во близина на домот на нејзините родители, кои живеат на имот во Беркшир, каде што се повлекла и Кејт со синот Џорџ, пред породувањето.
На оваа идеја се спротивставува принцот Чарлс, таткото на Вилијам, кој постојано приговара дека семејството Мидлтон го презело воспитувањето на неговиот најстар внук Џорџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.