Поради изведување градежни работи, утре и задутре целосно ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Ацо Шопов“, кај Порта Влае, соопшти од Град Скопје.
– Автобусите од градските линии 2, 2А, 4, 12, 22 и 22А во наредните три дена ќе бидат пренасочени преку улиците „Ангел Динев“, „Војвода Васил Чакаларов“ (поранешната улица „Адолф Циборофски“) и „Ѓорче Петров“, а автобусите на автобуската линија со број 21 ќе бидат пренасочени по булеварот „8.Септември“ и улицата „Скупи“. Оваа траса автобусите од јавниот превоз ќе ја задржат и во обратна насока, а притоа ќе се користат постојните автобуски стојалишта, се наведува во соопштението.
Автобусите на приградските линии 11, 32, 56, 56а, 60 и 64 ќе бидат пренасочени по улиците „Московска“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Војвода Васил Чакаларов“ (поранешната улица „Адолф Циборофски“) и ќе продолжуваат во правец кон улицата „Ѓорче Петров“. Во обратна насока посочените возила ќе се движат по истата траса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Градоначалникот на Прилеп го прекинал проектот од Светска банка за кружен тек (видео)
-
Се комплетира булеварското поврзување на Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба, ќе се гради нов кружен тек
-
Се гради најголемиот кружен тек во Штип
-
Пред и потоа – како изгледало местото каде сега е новиот кружен тек меѓу Автокоманда и Железара (Видео)