| четврток, 6 декември 2018 |

Друловиќ носи португалски шмек во македонската репрезентација

Љубинко Друловиќ ќе се обиде да внесе португалски шмек во редовите на македонската репрезентација, а ветува многу работа, дисциплина и подобра атмосфера во продолжението од квалификацискиот циклус за настап на ЕП во Франција следната година. Српскиот стратег потпиша двеиполгодишен договор со ФФМ.

„Врвот на играчката кариера го имав во Португалија, во Порто и потоа во Бенфика, а таму ја добив и тренерската лиценца. Ќе се обидам да ги пренесам искуствата од една развиена фудбалска земја, каде научив многу работи. Португалците велат ‘да видам како тренираш, па ќе ти кажам како играш фудбал’. Тоа значи дека ќе барам максимална посветеност, цврста игра и дисциплина во формацијата 4-2-3-1 која е на некој начин најблиска до моите фудбалски сфаќања“, вели Друловиќ во интервјуто за „Република“ што ќе можете да го прочитате во неделното издание што ќе излезе од печат во петок.

Ljubinko-Drulovic-1

Помошници на Друловиќ ќе му бидат Португалецот Луис Диого Кампос, и нашите стручњаци Игор Ангеловски и Арџент Беќири, кој останува во стручниот штаб на националната селекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top