| четврток, 6 декември 2018 |

Клиника за неврохирургија: Годишно се прават по 1.000 операции на лумбална дискус хернија

Discus_hermia_06V

Едно од најчестите заболувања кои се третираат на Универзитетската клиника за неврохирургија е лумбалната дискус хернија. Просечно на годишно ниво, на Клиниката за неврохирургија се вршат над 1.000 оперативни зафати за лумбална дискус хернија.

Првите симптоми (во зависност од местото на пробивање на лумбалниот диск) може да започнат со болки во половината или во ногата. Болки се посебно интензивни при движење и работење, а се смируваат навечер со лежење. Болките може да се шират кон ногата по задната страна на надколеницата, долж подколеницата од една страна и стопалото (горе или долу), а може да бидат проследени и со пад на движење на стопалото.
Доколку болките се периодични и се смируваат, се спроведува конзервативниот третман со мирување, лежење на грб на тврда подлога и примена на физикална терапија.
Доколку болеста прогредира и болките стануваат постојани и многу јаки, може да се примени оперативното лекување.
Превенцијата од ова заболување опфаќа прогресивно зголемување и намалување на физичката работа, како и избегнување нагли движења во половината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top