Европската ракометна федерација ги одреди судиските двојки кои ќе бидат задолжени да ги судат натпреварите на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција што ќе се игра на 9 и 10 мај.
Полуфиналето меѓу македонскиот преставник ЖРК Вардар и Будуќност им е доделено на хрватската судиска двојка Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.
Делегати на овој натпревар ќе бидат Кармен Манчадо Лопез од Шпанија и Антонио Гулао од Португалија. Мечот меѓу ЖРК Вардар и Будуќност ќе биде втор на програмата на 9 мај и ќе почне во 16.45 часот.
ЕХФ одлучи и кои ќе бидат судиите на финалниот натпревар и оној за третото место. Ако ЖРК Вардар се пласира во големото финале судии во ќе им бидат Петер Хорват и Балаш Мартон од Унгарија, додека во случај на пораз, арбитри на македонскиот првак во „малото финале“ ќе му бидат Словаците Петер Бруновски и Владимир Канда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.