| четврток, 6 декември 2018 |

Нова станбена зграда во општина Илинден

ilinden

Во непосредна близина на спортскиот центар во населеното место Марино, почна да се гради нова станбена зграда што ќе се простира на површина од 3.200 метри квадратни, на пет нивоа, со 38 стана и пет деловни објекти.

Новата зграда ќе располага со станови со површини од 40, 50, 77 и 104 метри квадратни. Објектотот го гради фирмата „Два браќа градители“, инвеститор е Ненад Јаневски, а вкупната инвестиција изнесува 1,3 милиони евра.

Со изградбата на оваа зграда ќе се комплетира станбениот комплекс од три згради крај спортскиот центар во Марино. Првата зграда е веќе вселена, втората е во градба и заедно со третата се планира да бидат завршени до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top