По повод 29 април, Денот на основањето на Кинотека на Македонија, Кинотека ја доделува традиционалната награда „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Во согласност со одлуката на Управниот одбор, добитник на наградата за оваа година е доајенот на македонската филмска камера – директорот на фотографија Драган Салковски, еден од најреномираните и најеминентните македонски филмски сниматели.
Свеченоста на доделување наградата на Драган Салковски ќе се одржи на 29 април (среда) со почеток во 12 часот.
Имено, на 29 април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека на Македонија и затоа, секоја година крајот на април е посветен на празнување на филмската уметност, националното аудиовизуелно наследство и луѓето заслужни за неговото создавање.
Драган Салковски со филмска дејност професионално се занимава од 1959 година. Од 1969 до 1997 година работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје. Покрај својата снимателска дејност, во сферата на македонскиот документарен филм соработува и во реализацијата на десетина играни филмови во продукција на „Вардар филм“ и во уште толку во странска продукција. За своето снимателско умеење, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна плакета за најдобра камера за филмот „Јазол“ на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола (1985), додека филмовите „Тулгеш“ и „Ликвидатор“, во чијашто реализација учествува, се добитници на Гран-при на Фестивалот на документарен и кусометражен филм во Белград.
Филмографија:
1961: Детето од колоната (Асистент снимател)
1961: 11 Oктомври 1941-1961 (Асистент снимател)
1961: 13 Ноември 1961 (Асистент снимател)
1961: Македонија 1941 (Асистент снимател)
1962: Кој е виновен? (Асистент снимател)
1962: Охридска пастрмка (Асистент снимател)
1963: Замрзнато езеро (Асистент снимател)
1963: Девојките од Мали (Асистент снимател)
1963: За нови достигања (Асистент снимател)
1963: Скопски репортер бр. 3 (Асистент снимател)
1964: Под исто небо (Асистент снимател)
1964: Кратовско злато (Асистент снимател)
1964: Скопје ’63 (Асистент снимател)
1964: Кеј 13 Ноември (Асистент снимател)
1964: Средба на солидарноста (Асистент снимател)
1965: Рудник „Дамјан“ – Радовиш (Асистент снимател)
1965: Весницивесници (Асистент снимател)
1965: Денови на искушение (Соработник)
1966: До победата и по неа (Асистент снимател)
1966: Темели на солидарноста (Асистент снимател)
1966: Град на две води (Асистент снимател)
1966: Охридскиот светилник – Климент Охридски (Асистент снимател)
1967: Тито во Охрид (Асистент снимател)
1967: На охридските извори (Асистент снимател)
1967: Лето господово (Асистент снимател)
1967: Луѓе и фасади (Асистент снимател)
1967: Каде по дождот (Асистент снимател)
1967: Македонска крвава свадба (Асистент снимател)
1968: Довикување на пролетта (Асистент снимател)
1968: По пат одамза пат прашам (Асистент снимател)
1968: Дебар 1967 (Асистент снимател)
1968: Споменик (Асистент снимател)
1969: Очи (Асистент снимател)
1969: ЗИК Пелагонија (Асистент снимател)
1969: Еден летен ден во Охрид (Асистент снимател)
1969: Свилен конец (Асистент снимател)
1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ (Асистент снимател)
1969: Magna Carta Libertatum (Документи за и против нашето време) (Асистент снимател)
1970: Кирил и Методиј (Асистент снимател)
1970: Време за човекот (Асистент снимател)
1970: Празник (Асистент снимател)
1970: Надевај се додека дишеш (Асистент снимател)
1970: Рудник „Тајмиште“ Кичево (Асистент снимател)
1971: Македонски дел од пеколот (Асистент снимател)
1971: Црно семе (Асистент снимател)
1971: Рудник Демир Хисар – Сопотница (Асистент снимател)
1972: 11 Октомврифабрика за заварени цевки и профили (Асистент снимател)
1973: Гоце Делчев (Асистент снимател)
1974: Гоцев ден (Асистент снимател)
1974: Зимски центри во Македонија (Снимател)
1974: Рацин (Асистент снимател)
1974: Оган (Асистент снимател)
1974: Попова Шапка – Инекс (Снимател)
1975: Кочо Солев Рацин (Асистент снимател)
1975: Слава на животот (Снимател)
1975: Видувања (Асистент снимател)
1975: Јад (Асистент снимател)
1976: Најдолгиот пат (Снимател)
1976: Козите … и друго по десет години (Асистент снимател)
1976: Вранештица (Асистент снимател)
1976: Amen Siam But Roma (Асистент снимател)
1976: Во својот град (Снимател)
1976: Ден кога се проштева (Директор на фотографија)
1977: Исправи сеДелфина (Снимател)
1977: Пресуда (Снимател)
1977: ЈасБлага Мицанова (Снимател)
1977: Нов живот (Снимател)
1977: Црн бор (Снимател)
1977: Тулгеш (Снимател)
1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ (Снимател)
1977: Агрокомбинат „Тиквеш“ (Снимател)
1978: Угич (Снимател)
1978: Дупчачи (Снимател)
1978: ХЕ Шпиље (Асистент снимател)
1979: Бакнеж (Снимател)
1979: Добро ни дојде (Снимател)
1979: Самопридонес (Снимател)
1980: Времеводи (Снимател)
1980: Оловна бригада (Снимател)
1981: Црвениот коњ (Асистент снимател)
1982: Јужна патека (Асистент снимател)
1982: Огнена бригада (Снимател)
1982: БОПС (Снимател)
1983: Ликвидатор (Снимател)
1984: Фрески и икони во Македонија (Снимател)
1984: Aрхитектурата во Македонија од IV до XVII век (Снимател)
1985: Автопат (Снимател)
1985: Металски завод „Тито“ (Снимател)
1985: Патишта во СР Македонија (Снимател)
1985: Јазол (Директор на фотографија)
1986: Манастир (Снимател)
1987: Хидромелиоративен систем „Струмица“ (Снимател)
1987: Хидромелиоративен систем „Тиквеш“ (Снимател)
1987: Хидромелиоративен систем „Брегалница“ (Снимател)
1987: Хидромелиоративен систем „Пелагонија“ (Снимател)
1988: Сизиф (Снимател)
1988: Хидромелиоративен систем „Мантово“ – Радовиш (Снимател)
1988: Хидромелиоративен систем „Струшко поле“ (Снимател)
1989: Маркови кули (Снимател)
1989: Да се остави трага (Снимател)
1990: Календар (Снимател)
1990: Планариите од охридското езеро и околните извори (Снимател)
1990: Рибите на Охридското Езеро (Снимател)
1994: Бериќет (Снимател)
1996: Стопанска Банка (Снимател)
1998: In Continuo (Снимател)
1998: Ливада (Соработник)
2000: Богородица 90 (Снимател)
2000: Езерани (Снимател)
2002: Преспа – парк (Снимател)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.