| четврток, 6 декември 2018 |

За титулата „Бармен на Македонија“ за 2015 ќе се борат над 30 учесници

Во Кафе-барот „Ликвид“ во Охрид денеска се одржува осмото по ред државно првенство на бармени на Македонија. Преку триесет бармени од целата земја ќе земат учество и ќе се претстават во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг.

Оваа година најдобрите ќе ја претставуваат Македонија и ЗБМ на Светското првенство на бармени кое ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Покрај дружењето и познанствата, тие се стекнуваат и со знаење на семинарите кои ги водат едни од најеминентните имиња во професијата.

– Оој светски настан до сега е најблиску до територијата на Република Македонија и затоа годинава имаме единствена можност да ги испратиме најдобрите од Македонија, а да проследиме повеќе од 60 земји од светот како на уникатен, креативен и иновативен начин го претставуваат најдоброто од себе, вели Дарко Ангелески, претседател на Здружението на Бармени на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top