| четврток, 6 декември 2018 |

Лила: Со години имам момче

lila

Македонската водителка Лила Филиповска, веќе неколку години го крие својот љубовен живот од очите на јавноста.  Атрактивната домаќинка на телевизиското шоу „Се или нешто“ конечно призна дека подолг период е емотивно исполнета, но од повеќе причини не сака да го открие идентитетот на нејзиниот избраник. Нејзиниот партнер не е позната личност, пишува „Дневник“.

Со години имам момче, но ако го откријам се ќе пропадне. Тој не сака да се експонира во јавноста и сметам дека нема потреба да го изложувам на медиумски притисок. Ја научив лекцијата и додека не ми се случи третиот брак ќе останам досадна кога е во прашање мојот љубовен живот – појаснува Стојановска.

Таа нагласува дека Македонија не е Холивуд за отворено да зборува за приватноста. Смета дека искреноста може само да и наштети и затоа до овој момент ниту ги демантирала ниту ги потврдувала муабетите за нејзиниот емотивен статус.

Има една поговорка дека кашлицата и љубовта не можат да се скријат. Тие што барем малку ме познаваат, знаат дека тоа се гледа и на мене. И покрај многубројните работни обврски секогаш имам време, а нормално и желба да бидам со некого. Всушност, како и секоја жена, имам и потреба за тоа – коментира водителката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top