Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека траењето на меѓународните санкции против Русија ќе зависат од тоа дали ќе биде исполнет мировниот договор од Минск.
– На состанокот на Европскиот совет, во март, донесовме недвосмислена одлука санкциите да се врзани за исполнување на договорот од Минск, истакна Меркел на заедничката прес-конференција со полската премиерка Ева Копач.
Полската премиерка се согласи со Меркел дека санкциите кон Русија треба да останат во сила.
Фотографиите од средбата, светските медиуми ги коментираат дека покрај сериозните теми и политиката, двете лидерки имале време и за шега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.