Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека неговата земја во рок од пет години ќе ги исполни условите за членство во ЕУ. Тој на самитот на ЕУ и Украина во Киев истакна дека Украина заслужува да биде дел од Унијата и дека членството во овој блок е клучна цел на неговата Влада.
Патот на Украина кон ЕУ беше главен проблем меѓу поранешниот претседател Виктор Јанукович и демонстрантите кои започнаа протести, незадоволни поради одбивањето на Јанукович да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.