| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович нема сметки во странство

yanukovichУкраинското Обвинителство не откри сметки на поранешниот претседател Виктор Јанукович во странство, изјави денеска заменикот на главниот обвинител Виталиј Каско, задолжен за меѓународна соработка. Тој посочи дека Јанукович немал навика да чува пари во банките и оти претпочитал кеш. Каско посочи и дека се блокирани банкарските сметки на постариот син на Јанукович, Александар.

Претходно, украинснкиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков истакна дека се блокирани банкарските сметки во Украина на Виктор Јанукович и неговите соработници. На сметките имало шест милијарди гривни (околу 247 милиони евра) и 3,8 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top