Околу еден милион деца имаат потреба од итна хуманитарна помош по разорниот земјотрес во Непал, во кој имаше околу 3.200 жртви, оцени денеска УНИЦЕФ.
– По потресот што го погоди Непал, илјадници деца и нивните семејства спијат на отворено и постои опасност од ширење на болести – соопшти специјализираната организација на Обединетите нации, пренесува Фена.
– Најмалку 940.000 деца кои живеат во зоните погодени од потресот во Непал имаат потреба за итна хуманитарна помош – се наведува во соопштението.
Поради недоволно количество на вода за пиење и санитарни објекти, децата се изложени на болести кои се шират низ воздухот, додека некои деца се одвоени од своите семејства. УНИЦЕФ мобилизира тимови и во Катманду ќе испрати два товарни авиона со 120 тони хуманитарна помош, меѓу кои ќе има лекови, шатори и прекривки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



