| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд и Вашингтон експресно во полуфиналето на Источната конференција во НБА

Екипите на Кливленд кавалирс и на Вашингтон визардс експресно со максимални 4-0 во победи се пласираа во полуфиналето од плејофот во Источната конференција.

Коњаницата од Кливленд предводена од Леброн Џејмс по четврти пат во серија го победи Бостонс селтикс и помина во втората рунда. Џејмс постигна 27 поени со 10 скока, а му недостасуваа 2 асистенции за трипл-дабл во триумфот од 101-93. Кајри Ирвинг забележи 24 поени и 11 скока, а лоша вест за Кливленд е повредата на третата ѕвезда во тимот, Кевин Лав. Тој одигра само 6 и пол минути и се повреди, па потоа воопшто не се врати во игра. Кливленд ќе игра со подобриот од серијата меѓу Чикаго и Милвоки, каде што резултатот е 3-1 за популарните бикови.

Со 4-0 пласман натаму обезбеди и Вашингтон, а ноќеска магичните го декласираа Торонто со 125-94. За финале Визардс ќе играат против подобриот од дуелите меѓу Атланта хоукс и Бруклин нетс, каде што Антиќ и соиграчите имаат предност од 2-1 во победи.

На 2-2 со победа на гостински терен против шампионот Сан Антонио израмнија Лос Анџелес клиперс. Победата ноќеска беше убедлива со 114-105. Првата победа за надеж ја остварија кошаркарите на Далас маверикс против Хјустон рокитс. Монта Елис со 31 поен беше лидер во триумфот од 121-109.

Cleveland Cavaliers at New York Knicks

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top