Пресметка меѓу реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, и скопскиот муфтија Ибрахим Шабани се случила на паркингот кај Македонска опера и балет, јави Дневник.
На физичката пресметка ѝ претходело јавното обвинување на реисот на свеченост која вечерта ја организирала ИВЗ по повод коранските празнувања. Поглаварот на ИВЗ реагирал на доделувањето на признанието на Скопското муфтиство за чувањето на вакуфскиот имот.
Пресметката продолжила по свеченоста на паркингот кога реисот физички се пресметал со муфтијата удирајќи му тупаници.
Во Скопското муфтиство го поврдиле инцидентот и повеќе детали најавиле за денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.