| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени

Ivor-Mickovski-int91-740x320-top

„Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, напиша Ивор Мицковски, опозициски колумнист по неуспешниот референдум во Центар.

ivor-fb_thumb_medium500_259

Тој порача вината за огромниот неуспех на референдумот за ГТЦ да не се префрла само на Жерновски, туку дека тоа е вина на опозицијата. Мицковски пишува дека опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени. Според него „сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме“.

– Покажувањето веднаш со прст кон Жерновски, е само уште еден во серијата докази, дека капацитет за такво нешто, во моментов не постои – додава Мицковски.

Референдумот за ГТЦ е неуспешен, затоа што ја нема потребната излезност за законскиот цензус од 50 отсто. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар, денеска во општината на гласање излегле 40.5 проценти од запишаните гласачи во општината. Недостигаат околу 10 отсто за референдумот  да биде успешен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top