„Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, напиша Ивор Мицковски, опозициски колумнист по неуспешниот референдум во Центар.
Тој порача вината за огромниот неуспех на референдумот за ГТЦ да не се префрла само на Жерновски, туку дека тоа е вина на опозицијата. Мицковски пишува дека опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени. Според него „сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме“.
– Покажувањет
Референдумот за ГТЦ е неуспешен, затоа што ја нема потребната излезност за законскиот цензус од 50 отсто. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар, денеска во општината на гласање излегле 40.5 проценти од запишаните гласачи во општината. Недостигаат околу 10 отсто за референдумот да биде успешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивор Мицковски: Како го преполовивте загадувањето на зборови, просто неверојатно!
-
Ивор Мицковски: Убаво се поклопи Денот против насилство врз жената, со партиското насилство врз жена која сакала да воведе ред во една институција
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Расправата за уставните измени продолжува утре