Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во 1999 година, кога бил премиер, трпел големи притисоци од една група олигарси пред да биде промовиран во наследник на Борис Елцин.
Путин, во филмот „Претседател“ се согласил со авторот на интервјуто дека таа година со земјата управувала група олигарси.
– Некои од нив, кога бев претседател на владата и кога тогашниот преседател на државата Елцин соопшти дека ќе се кандидирам за прв човек на Русија, дојдоа во мојот кабинет во Белиот дом, седнаа спроти мене и ми рекоа: Вие сфаќате дека никогаш нема да бидете претседател? Јас им одговорив: па, ќе видиме – изјави Путин, не прецизирајќи како ги сопрел олигарсите.
– На различни начини, со различни средства – изјави тој кратко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.