Бројот на жртвите од земјотресот кој во саботата претпладнето го погоди Непал надмина 1.500 луѓе, соопштија непалските власти, коригирајќи ја претходната бројка од 1.457 жртви.
– Повеќе од 1.500 луѓе загинаа во земјотресот во Непал“, се наведува во извештајот на телевизијата Times Now., којашто се повикува на изјава на министерот аза финансии, Рама Шаран Махата, кој кусо претходно соопшти дека се регистрирани 1.457 загинати. Според првичните процени, над 1.700 луѓе се повредени со разно степени на рани.
Според министерот Махата, податоците за жртвите ги собира непалската армија којашто се вклучени во операцијата за спасување.
Само во главниот град Катманду бројот на жртвите надминал 200, а многу згради и објекти се целосно уништени, пренесува телевизијата.
Весникот Times of India пренесува и дека индиските власти, исто така, ја коригирале бројките од непалскиот земјотрес кој силно се почувствувал и на територијата на северна Индија на 45 луѓе. Уште 12 жртви се пријавени на Тибет, две во Бангладеш.
Во земјотресот е урната една од знаменитостите на Катманди, кулата Дарара или Басмен, изградена во 1832 година, висока 62 метри, која е ставена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство. Индиската телевизија NDTV пренесува дека спасувачите претпоставуваат дека под урнатините од кулата, којашто веќе еднаш претрпела оштетувања во земјотресот од 1934 година а последните десет години е отворена за туристите, можеби има повеќе од стотина луѓе.
Земјотресот чиј епицентар бил според последните прецизирани податоци, бил 80 километри од вториот најголем непалски град Покаре, бил на длабочина од два километра што ја зголемило неговата разорна моќ. Всушност се работи за го два моќни земјотреса, првиот се случил во 11,41 часот по локално време 9,11 по македонско време, со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер, чиј епицентар бил на повеќе од 85 километри северозападно од престолнината Катмандум, со жариште на длабочина од 15 километри. Вториот потрес се случил половина час подоцна и имал магнитуда од 6,6 степени, со хипоцентар на 10 километри длабочина.
Споменатиот земјотрес од 1934 година се смета инаку за најтешкиот кој некогаш го погодил Непал, кога загинале 8.500 луѓе.
Според информациите од непалското министерство за туризам, најмалку 18 алпинисти загинале во базниот камп во снежната лавина на Монт Еверест предизвикана од земјотресот. Во тек е шпиците на сезоната на искачување на врвовите на Хималаи, па властите настојуваат да стапат во контакт со стотици алпинисти.
Политичката нестабилност и оневозможува непалските власти соодветно да одговорат на ваквите кризи. Во 2001 година Непал дојде на насловните страници на медиумите, откако престолонаследникот Дипендра уби десет членови на семејството, вклучително и својот татко кралот Бирендра шах, пред самиот да си го одзеде животот. Потоа на власт дојдоа маоистите кои кралството го преуредија во република и монархијата официјално беше укината во 2008 година. Од тогаш во земјата се договара новиот устав.
Индија, пак, започна голема спасувачка и хуманитарна операција, по наредба на премиерот Нарандра Моди. Портпаролот на индиското министерство за одбрана, Ситаншу Кар, на Twitter објави дека во „авионот на воздухопловните сили ‘C-130J Super Hercules’, кој слет на аеродромот во Катманду, има 39 спасувачи и 3,5 тони хуманитарен товар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.