Две победи забележаа екипите што беа домаќини во денешната програма од Првата македонска кошаркарска лига. Работнички ги фати соколите од Карпош во низок лет и ги победи со 90-84, а Куманово рутински го надигра Кожув и го победи со 82-67.
Најтрофејниот кошаркарски клуб кај нас, Работнички лошо го почна мечот, а Карпош Соколи поведоа со 11-0 и потоа ја добија првата четвртина со 12 поени разлика, 29-17. Пресвртот се случи во финишот, а за првпат дебармаалци поведоа во 33. минута со 70-69. Мираковски со 19 поени го предводеше Работнички до триумф од 6 поени разлика, додека кај гостите Рајс беше најефикасен со 20 поени.
Една четвртина од 10 минути му беше доволна на Куманово да го победи Кожув. Домаќините беа импресивни во вториот период од играта, го добија со 30-7 и го решија победникот. Луковиќ, Аврамовиќ и Мандиќ постигнаа по 16 поени за Куманово, а најефикасни кај Кожув беа Брчков и Нешовиќ со по 13 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандев: Горд сум, овие момци можат да се носат со најсилните во лигата
-
Горан Пандев со музика и песна го прослави пласманот во првата лига на својот клуб
-
Голем инцидент во Хрватска: Маскиран хулиган влета на терен за да се пресмета со судијата (ВИДЕО)
-
Струмица се засилува со поранешните репрезентативци Брчков и Зивчевиќ