| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Подобро е да те осудат на верност, отколку да те наградат за предавство

antoni

Подобро е да те осудат на верност, отколку да те наградат за предавство, го започна своето обраќање пратеникот Антонио Милошоски пред присутните во салата „Билјанини извори“ во Охрид, на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ.

За жал СДСМ, Зоран Заев и Бранко Црвенковски мислат дека е подобро да се биде осуден за предавство и нанесување на штета на Македонија – рече Милошоски.

Пратеникот изјави дека Заев и Црвенковски се обидуваат да не разединат, но не успеаа во тоа, тие само не обединија, не охрабрија да направиме повеќе мерки и да сработиме повеќе од она на што сме се обврзале.

Тие и нанесоа непоправлива штета на Македонија и на нејзиниот меѓународен углед, економски развој, единство со своето однесување – додава тој.

Милошовски потенцираше дека делата на ВМРО-ДОПМНЕ се мерат со бројки, а она што СДСМ го направи во изминатите 25 години е затворање на 25 фабрики, создавање на 20 илјади стечајци во охридско…

СДСМ создава проблеми и не успеа да ги реши, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги реши сите проблеми кои тие ги оставија, проблемите на пензионерите, на учениците, на стечајците… – продолжи Милошоски.

Тоа што Заев го тврдеше дека за три дена ќе ја сруши Владата не му се оствари, посочи Милошоски.

Владата не е есенски лист, зад неа стојат граѓаните и делата. Нека му служи на чест неговото однесување. Тој со шпионирање нема да стаса никаде. Тој не прави само штета на ВМРО-ДПМНЕ туку и на Македонија – рече Милошоски.

Заев е и ќе помине, Република Македонија ќе остане, заврши Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top