| четврток, 6 декември 2018 |

Понефер пол?

Општата предрасуда која често ја имаат луѓето е дека науката е свет на мажите. Но денес тоа не е баш толку точно во многу дисциплини, посебно во биологијата. Но некои, но не и сите, во едно неодамнешно истражување тврдат дека жените се навистина дискиминирани во процесите на вработување и напредување врз кои се гради една научничка кариера – посебно во полињата како што се инженерството, математиката и физиката, кои остануваат машки бастиони.

Затоа резултатите од еден експеримент кој го изведоа Венди Вилијамс и Стефан Кеки од Универзитетот Корнвел се интригантни. Како што напишаа во Процедурите на националната академија на науките, д-р Вилијамс и д-р Кеки ја истражуваа половата наклонетост на еден од најважните чекори на патот во научничката кариера, ангажирањето (вработувањето) за таканаречената самостојна специјалистичка позиција. Ако успешен кандидат покаже добри резултати за таквата позиција, тоа може да му донесе работа за цел живот. И двајцата истражувачи навистина пронајдоа наклонетост – ама против мажите.

Д-р Вилијамс и д-р Кеки составиле триа од хипотетички кандидиати за работни места со самостојна специјалистичка позиција во разни полиња. Во секој случај, двајца од тројцата биле фантастично квалификувани, а еден, кој тука служел како мамка, бил само малку понеуспешен. Тие испратиле кратки биографи од тројцата кандидати, заедно со предизвикувачки коментари за направени интервјуа со нив, до 873 академици на највисоки нивоа во одделите за биологија, економија, инженерство и психологија на 371 американски универзитети. Ги засилиле посебните карактеристики на секое трио за да соодвествуваат со релевантната дисциплина, и случајно избрале на кои од двајцата извонредни кандидати ќе им се обраќаат со „тој“ или со „таа“. Од академиците се барало едноставно да ги изберат најдобрите од тројката.

Професорите по биологија, инженерство и психологија, сите избирале женски кандидати во споредба со еднакво квалификувани машки кандидати, и го правеле тоа со голема маргина (која оди до три спрема еден во случајот со психологијата). Покрај тоа, тие го направиле овој избор без разлика дали се самите мажи или жени. Единствен исклучок од оваа матрица е економијата. Во оваа дисциплина, мажите професори покажуваат блага наклонетост кон машки кандидати, а жените имаат силна кон женските кандидатки.

Кога д-р Вилијамс и д-р Кеки изведувале понатамошни експерименти и барале повеќе детали, тие откриле дека матрицата која ја забележале се задржала без разлика дали или не хипотетичките кандидати биле во брак, имале деца или користеле време за родителска грижа. Овие фактори, кои често се наведуваат како штетни за кариерите на жените, изгледа биле барем малку убедливи за професорите кои учествувале во експриментот.

Критиките за методите на истражувачите се дека професорите знаеле дека се вклучени во експеримент (иако не ја знаеле неговата цел). Можеби заради тоа ги одбирале женските кандидиати едноставно затоа што знаеле дека се тие позанемарувани и затоа сакале да ги покажат нивните феминистичка квалификации, знаејќи дека заради тоа нема да мора да живеат со последиците. За да ја контролираат ваквата можност, д-р Вилијамс и д-р Кеки исто испратиле 127 идентични кратки биографии, – половина смислени да бидат на жени, а половина на мажи – до 127 други академици, и побарале од нив едноставно да ги оценат кандидатите.

Тие биле водени од идејата дека отсуството на кандидати за споредба ќе намали било каков притисок за да се биде политички коректен.

И во овој случај жените триумфирале. Замислените женски кандидати освоиле цел еден поен повеќе од мажите на скалата од еден до десет. Претставени со идентични работни постигнувања, оние кои ги давале одговорите изгледа имале повисоко мислење за жените.

Тешко е да се каже дали саканите квалификации кои се откриле при овој експеримент може да се преведат грубо и лефтерно во денешниот процес за ангажирање на специјалистичка позиција – и дали сични квалификации постојат кај други пресвртници на патот на академска кариера. Но овој резултат е толку изненадувачки што би требало барем да ги замолчи оние кои веруваат дека академските катедри се против жените. Исто треба да ги потсмири и оние кои мислат дека мажите економисти се рационални.

Економист 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top