Следните знаци всушност ви даваат зелено светло да заминете дури и доколлку не сте сто отсто сигурни дека ја правите вистинската работа (иако, сигурно знаете дека ја правите).
Ова е кусо, но брутално. Не се залажувајте. Тешко дека некој ќе противречи, бидејќи ова се докажани работи.
1. Тој е насилен
Дури иако физички никогаш не ве повредил, насилен маж е насилен маж. Честото викање, сцени, фрлање работи или нешто сосема трето, дефинитивно не е мажот со кој треба да го поминете остатокот од животот.
2. Тој изневерува
Некои нема да се согласат со ова и ќе речат дека познаваат двојки кои имале вакви проблеми, но кои успеале својот однос да го вратат на „старо“ и да го направат уште подобар. Да, тоа се некои двојки. Тука не станува збор за самиот чин на неверство, туку за непочитување од негова страна, губење на довербата и големиот ризик за здравјето (сексуално преносливи болести).
3. Тој е порочен
Сега ќе речете: „Но и цигарите се порок!“ Да, се согласуваме со вас, но морате да признаете дека коцкањето, зависноста од дрога, алкохолот и секс се многу полоши пороци од пушењето!
4. Тој е манипулатор
Доколку тој на сите можни начини се обидува да ве смени, тој поточно манипулира со вас и вашите емоции. Не треба да се менувате заради кој било освен заради самите себе, а особено не заради маж, дури и да е последен на светот. Секогаш бидете она што сте – тоа секогаш е најдобрата „политика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На пивопиецот му треба поттик, на винаџијата одобрение: Неговата пијачка открива каков е
-
Хороскоп во кој ќе се пронајде секоја жена – што сака, а што не поднесува кај мажот?
-
Тест од една минута кој открива дали треба да останете во врска
-
Машки мани во хороскопот – Овните се љубоморни, Стрелците себични