Нова поволна мерка за бизнис секторот особено за делот на малиот и среден бизнис која ќе значи значително олеснување на работата и намалување на трошоците, најави денеска Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ и претседател на владата на народниот добир во Охрид.
– Со измените и дополнувањата на Законот за архивско работење кој го усвоивме на Влада ќе се изврши поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти. Физичките лица и правните лица од приватниот сектор со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење согласно одредбите од овој закон. Сите физички лица, трговци поединци, занаетчии, друштва со ограничена одговорност и други правни лица кои имаат до 49 вработени во иднина ќе немаат никаква обврска за водење на евиденција ниту пак да вршат архивирање согласно одредбите од Законот за архивски материјал. Единствена обврска ќе биде да се архивира материјалот кој е од трајна вредност за Република Македонија, науката и културата, при што Државниот архив ќе треба да утврди кои се иматели и кои документи спаѓаат во приватен архивски материјал кој треба да се архивира,што значи дека немаат никаква обврска во однос на законот – рече Груевски.
Според најавите на премиерот, правните лица со 50 и повеќе вработени ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција.
– При тоа законот дава можност самите да утврдат која евиденција ќе ја водат, односно можат наместо деловодник да водат своја евиденција која веќе име е воспоставена, а исто така и основните броеви можат да ги утврдат самостојно онака како што веќе ја имаат воспоставено евиденцијата, а не задолжително да ја користат номенклатурата на државниот архив. Со тоа ќе се воспостави законски основ приватните фирми својата електронска евиденција која веќе ја имаат воспоставено и која ја водат пред се заради свои потреби, односно за следење на текот на работата да биде правно релевантна, а не да се оптоваруваат со дополнителна евиденција за чие што водење ќе се трошат непотребно ресурси и средства – вели Груевски.
Со измените на законот Државниот архив ќе биде обврзан да врши електронско архивирање на архивскиот материјал создаден во електронска форма, а не истиот да се конвертира во хартија за потоа да се архивира.
– Со овие измени, а како резултат разговорите со бизнис заедницата се поедноставува постапката за канцелариско и архивско работење за физичките и правните лица, односно истите се ослободуваат од непотребно формализми и обврски кои се воведени уште во СРМ, затоа што обврската за канцелариско и архивско работење на приватните субјекти е воведена уште со Законот за архивска граѓа објавен во Службен весник на СРМ бр. 36 од 1990 година и во континуитет траела до денес – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони
-
ССК: Жените претпримачи да ги искористат можностите за раст и развој на бизнисот



