Владата инвестираше во градење на нови здравствени капацитети. Како никогаш досега се градат нови здравствени капацитети рамномерно распределени низ Македонија кои ќе можат да ги лекуваат пациентите на највисоко ниво. Се вложува и во реконструкција на постоечките здравствени капацитети и се доведуваат во функција да имаат уште подобри услови за осигурениците, вели Сашо Стефаноски.
Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот која ги црпи силата, кредибилитетот и идеите токму од народот и токму затоа не се срами да го погледне во очи.
– Во своите напори да го унапредиме квалитетот на здравствената заштита вложени се над 100 милиони евра во апарати за здравствена дијагностика, Владата инвестираше во инфраструктурата во здравството како никогаш досега. Ги намали цените на лековите и ги отвори своите врати за забелешки бидејќи токму од граѓаните произлегуваат и идеите за некои од големите проекти реализирани во здравството, рече Стефаноски.
На вчерашната трибина во Крива Паланка, Стефаноски нагласи дека за реконструкција на Здравствениот дом во овој град се вложени околу 21 милион денари, донирани се две нови возила со комплетна апаратура за Итната медицинска помош, а во проектот „Наш специјалист“ секоја сабота во Крива Паланка прегледи вршат оториноларинголог и невропсихијатар.
– Во делот на здравството владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува еден сеопфатен пристап, како што покажува и во сите области. Во здравството понудивме системски пристап кој значи развивање на сите нивоа на здравствената заштита, кој значи рамномерен развој на унапредување на здравствената заштита и посветување на унапредување на квалитетот на здравствената заштита на сите делови во Македонија – изјави тој.
Стефановски прочита дел од Декларацијата од Советот на Европа која ја потпишаа 49 европарламентарци од 21 земја во која се осудува недемократскиот начин за обид да се дојде на власт од страна на опозицијата во Република Македонија.
– Ние нашата судбина нема да ја дадеме во раце на луѓе кои немаат чувство за државност. Ние ќе го дадеме нашиот концепт кој е позитивен, насочен кон проекти и силна верба во иднината на Македонија. Македонија е една и ние неа ќе ја браниме да ја зачуваме до последниот атом на нашата енергија – додаде Стефаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови



