Во пресрет на Самитот во Рига посветен на Грција, министрите за финансии на еврозоната упатија критика на сметка на грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис. Тој е обвинет дека се однесувал неодговорно во преговорите и дека е губитник, коцкар и аматер.
Цитирајќи неименувани извори блиски до преговорите, американската агенција Блумберг објави дека Варуфакис се жали на непријателска атмосфера на состанокот, како што бил критикуван од сите страни. Состанокот во Рига беше завршен со проценка дека двете страни се уште се далеку од постигнување договор за реформите, кои Атина треба да ги добие со цел да добие спасоносниот пакет 7,2 милијарди евра, како дел од заемот од пакетот меѓународна помош.
-Грција мора да направи значителен напредок во свои реформи ако сака да добие пристап до клучните ресурси од пакетоти од меѓународната помош- рече тој на крајот од средбата на претседателот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум.
Дајселблум рече дека на Грција и истекува времето, за да обезбеди парите со кои ќе го избегне банкрот. Варуфакис призна дека меѓу Атина и европските партнери, се уште има разлики кои мора да се премостат, но ќе биде донесен наскоро тој договор, затоа што, како што вели, е единствената опција што Грција го има.
Сепак, тој ги негираше шпекулациите дека преговорите не напредуваат, во кои се наведува дека има голем напредок во процесот на приватизација на реформирање на даночниот систем, судството, бирократијата и на пазарот на производи.
Варуфакис на средбата дојде под оган од колегите, останатите 18 членки на еврозоната, тој не поднел комплетна листа на економски реформи кои се потребни за да се деблокира понатамошна финансиска помош за Атина, со цел државата да се избегне банкрот. Според водечките претставници на еврозоната, на Грција и истекува времето за да се обезбеди дополнителна помош, кој е потребен за да се направи значителен напредок.
Грција, која има се помалку пари им порача на своите партнерите во еврозоната дека до крајот на април мора да се постигне договор со доверителите на листата на реформите неопходни за ослободување од преостанатите транши од заеми од меѓународните помош. Во очекување на договор, сепак, Атина останува без пристап до средствата од заемот за помош, со што се заканува банкрот, а можеби и да излез од еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


