На барање на жителите на Крива Паланка започнува проект најпрво за поврзување на Саса со Тораница, значи еден нов пат, а тука е и слободната економска зона која се наоѓа помеѓу центрите на општините Ранковце и Крива Паланка каде неколку илјади нови работни места ќе се креираат – изјави Владимир Пешевски, член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ по трибината на владејачката партија во Крива Паланка..
Меѓу поголемиот број најавени мерки, Пешевски се осврна повеќе на мерките за трансформација на работните места во редовен работен однос, како и на мерките од проектот „Македонија вработува“.
Тој потенцира дека граѓаните може да направат разлика кој како планира да дојде на власт и кој како ќе ја практицира власта.
-Ние не слушнавме за изминатиот период ниту еден нов предлог како ќе го подобрат реалниот живот на граѓаните. Тоа е начинот на кој секој треба да ја носи одлкуката на која политичка партија ќе ја даде својата поддршка. За разлика од СДСМ кои објавија околу 30 –тина бомби, ние објавивме околу 60 – тина нови мерки, кои што реално влијаат на животот на граѓаните и ќе продолжиме и во наредниот период, бидејќи тоа е суштината во разликата на концептите, рече тој.
Тој нагласи дека многу проекти се реализирани и дека голем број проекти за регионот се најавени.
– Една од целите на опозицијата со овој начин на делување е да се креира несигурност, страв кај граѓаните но ние порачуваме дека тоа нема да им успее. Втора порака што ја упативме е дека ВМРО – ДПМНЕ како и досега така и отсега ќе продолжи со реализирање на својата програма, на своите проекти, на она што значи реална политика базирана на реални проблеми и реални потреби на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешевски: Партиите мора да разговараат за доброто на оваа земја и за доброто на овој народ
-
Енергетските реформи клучни за развојот на Западен Балкан
-
Пешевски: Да продолжиме по патот на успехот и економски развој, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е вистински избор
-
Пешевски се сретна со бизнисмените од Пехчево и Берово



