Полска нема да им дозволи на руските мотоциклисти од клубот „Ноќни волци“ да ја преминат полската граница и да влезат на територија на Европската унија. Во соопштението на полското Министерство за надворешни работи се наведува дека причината за таквата одлука е поради тоа што немаат прецизни информации за движењето и распоредот на мотоциклистите, поради што не можат да ја гарантираат нивната безбедност. На руските мотоциклисти, кои не се поврзани со „Ноќни волци“ дозволен им е влез во Полска.
Руската федерација за мото-туризам најави дека по повод 70-годишнината од победата над нацистичка Германија ќе организира свечено возење од Москва до Берлин, каде мотоциклистите треба да стигнат на 9. мај, Денот на победата. Мотоциклистите планираат да поминат низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Чешка и да ги посетата спомениците од војната, меморијалните музеи за холокаустот и гробовите на советските војници.
Полската премиерка Ева Копач и шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек пред неколку денови идејата ја оценија како провокација.
Ноќни волци се познати по блиските врски со рускиот претседател Владимир Путин, по нивната поддршка на анексијата на Крим и на прорруските сили кои се борат во Источна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Моторџиите од клубот „Ноќни Волци“ возат низ цела Америка од исток до запад! (галерија)
-
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска
-
Во Полска падна авион Миг-29, пилотот загинал иако успеал да се катапултира


