На последниот ден од истекот на рокот Зоран Заев не побарал гаранција за безбедноста на било кој сведок ниту пак предложил сведок. Исчезнаа сведоците кои што Заев постојано ги најавуваше и за кои најавуваше дека ќе барал заштита.
Наместо докази и сведоци, на последниот ден Заев повторно побара Јавното обвинителство да ги запре постапките за Пуч и за Поткуп.
Неколку пати до сега на отворена сцена Заев е фатен во лага. И денеска до Обвинителството донел хартија за која тврди дека се транскрипти од наводни разговори, но не доставил никаков аудио материјал како поткрепа на наводните транскрипти.
Заев сега очекува дека повторно јавноста, но и Обвинителството сега треба да му верува само на збор дека наводните испишани листови се навистина транскрипти од веродостојни телефонски разговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.