Грција треба значително да напредува на планот со реформите ако сака да ги добие кредитите, изјави денеска претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.
Тој, на денешната средба на 19 министри за финансии од еврозоната во Рига, посочи дека на Грција и истекува времето во кое треба да обезбеди пари за да избегне банкрот.
Грција треба да достави список со реформи, кој ќе биде одобрен од европските партнери за да ги добие останатите 7,2 милијарди евра од спасувачкиот финансиски пакет.
Дејселблум ја исклучи можноста кредиторите да изнајдат компромисен договор, со кој Грција ќе добие дел од сумата за спас на економијата.
– Атина има вина за загубеното време за подготовка на програма за финансиска помош за Грција, истакна претседателот на Еврогрупата, додавајќи дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис бил критикуван на средбата.
Еврогрупата повторно ќе разговара за програмата за спас на Грција на 11 мај, на следната редовна средба во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција