| четврток, 6 декември 2018 |

Талибанците ја нападнаа американската база во Кабул

­ Талибанските бунтовници денеска истрелаа ракети врз американската база во близина на Кабул и ја нападнаа зградата на локалната Влада во главниот град на авганистанската провинзија Газни, со што ја почнаа својата пролетна офанзива.

Во ракетниот напад нема жртви. ­

– Една ракета падна во базата Баграм, но никој не е повреден, се наведува во соопштението на НАТО.

Талибанците тврдат дека денеска покренале 108 напади ширум Авганистан и оти убиле голем број Американци во воздушната база Баграм во близина на Кабул.

Се очекува интензивирање на судирите откако НАТО силите ќе ја завршат својата 13­годишна борбена мисија во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top