Талибанските бунтовници денеска истрелаа ракети врз американската база во близина на Кабул и ја нападнаа зградата на локалната Влада во главниот град на авганистанската провинзија Газни, со што ја почнаа својата пролетна офанзива.
Во ракетниот напад нема жртви.
– Една ракета падна во базата Баграм, но никој не е повреден, се наведува во соопштението на НАТО.
Талибанците тврдат дека денеска покренале 108 напади ширум Авганистан и оти убиле голем број Американци во воздушната база Баграм во близина на Кабул.
Се очекува интензивирање на судирите откако НАТО силите ќе ја завршат својата 13годишна борбена мисија во декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.