| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран ќе се лекува во странство, Фондот го одобри барањето

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека го одобрил барањето за лекување во странство за осигуреното лице З.Ѓ.

Фондот, стои во соопштението, го одобри барањето за лекување во странство за осигуреното лице во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе биде на товар на Фондот.

Апелите за помош на 24-годишниот Зоран Ѓоргиевски од Вевчани деновиве ги преплавија социјалните мрежи. Него итно му е потребна трансплантација на срце, операција која не може да се изврши во Македонија и која кошта од 300 до 500 илјади евра.

Со две тешки болести позади себе, на Ѓоргиевски му престои уште една голема битка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top