Нема причина за паника на аеродромите, велат од ТАВ Македонија, операторот на двата аеродроми во Скопје и Охрид откако денеск попладне непознато лице лажно пријавило дека е поставена бомба на “Александар Велики“ и “Ав. Апостол Павле“.
“На бројот за информации на скопскиот аеродром беше добиена дојава за бомба на аеродромите во Скопје и Охрид. ТАВ Македонија постапи во согласност со безбедносните процедури и веднаш го повика анти-терористичкиот тим на МВР кој изврши целосна безбедносна проверка и притоа беше утврдено дека нема причина за грижа, по што и двата аеродроми продолжија со нормалните активности,“ се вели во информацијата од ТАВ Македонија.
Од МВР информираат дека по проверката на двата аеродроми не се најдена никаква експлозвна направа по што случајот се води како лажна дојава за бомба. Непознатиот дојавувач на аеродромот се јавил околу 14,10 часот и на лош англиски предупредил дека на двата аеродроми има поставено бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.